Еди Рама во ненајавена посета на Приштина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама вчера престојувал во ненајавена посета на Приштина, каде се сретнал со косовскиот претседател Хашим Тачи, јавија албанските медиуми.

еди рама

Како што јави дописникот на МИА, средбата била „неформална“ и се уште не се знае причината за посетата на Рама на Приштина.

Според медиумите, кога излегувал од хотел Рама бил пречекан од новинари кои се обиделе да добијат изјава од него, тој само се насмевнал и ги одминал.

Рама бил фотографирал и во моментот кога влегувал во хотелот „Свис Дајмонд“ во Приштина, каде што се одржувала средба на косовските политички лидери околу демаркацијата на границата со Црна Гора.

Престојот на Рама во Приштина, доаѓа само неколку дена по неговата посета на Белград.

Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај остро го критикуваше Рама во врска со неговите изјави дадени во Србија. порачувајќи му да не се меша во односите меѓу Приштина и Белград, бидејќи „тоа е улога на ЕУ и на САД“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This