ЕДИ РАМА ГИ СОБИРА АЛБАНСКИТЕ ЛИДЕРИ НА СОСТАНОК: На состанок со Рама повикан лидерот на БЕСА, а ќе бидат повикани и другите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама упатил покана до лидерот на Беса да ја посети Тирана.

ALBANIA-EU-POLITICS-RAMA

Весникот „Бота сот“ во вторник пишува дека Рама го поканил претседателот на Движењето Беса , Билал Касами на средба во албанскиот главен град – пренесува Макфакс.

Весникот кој се повикува на партиски извори, нагласува дека лидерот на Беса е прв претседател на партија на Албанците од Македонија кој ќе ја посети Албанија и ќе има разговори со премиерот Рама по минатонеделните избори во Македонија, на кои Беса доби пет мандати во Собранието на Македонија – пренесува Макфакс.

Албанските електронски медиуми информираат дека можно е пред формирањето на новата Влада во Македонија по изборите од 11 декември, во Тирана да пристигнат на преговори и лидерите на другите албански политички партии.

18 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This