ЕДИ РАМА ПРОВОЦИРА НА КОСОВО: Србите ќе влезат на Косово само како туристи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После целодневен мол, по повод застанувањето на возот, кој по 18 години тргна од Белград за Косовска Митровица, се огласи и албанскиот премиер Еди Рама поради „притисокот на граѓаните“, пишува приштинскиот весник „Зери“

edi-rama-tvrdi-brat-mi-ne-e-uapsen-184614

Откако граѓаните преку социјалните мрежи барале од Рама да се изјасни по тоа прашање, Рама рекол дека нема потреба за загриженост, за како што вели, политички игри со „возови и авиони“.

Според неговите зборови, „Србите на Косово ќе можат да влезат само како туристи“, пишува приштинскиот дневник. Рама рекол дека Косово по едностраното прогласување на независноста успеало како „независна држава“, додека Белград и понатаму пати од „кошмарот на минатото“. Тој смета дека тие кошмари ќе продолжат додека Белград не го признае Косово. „Овие игри со возови и авиони се политички маневар за резултати“, заклучил Рама.

Еди Рама претходно провоцираше продолжена политичка нестабилност во Македонија, преку лидерите на Албанските партии од кои бараше да состават „албанска платформа“ како услов за формирање на Влада.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This