ЕДМОНД АДЕМИ ОПТИМИСТА: Кај Албанците СДСМ е втора по рејтинг партија зад ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, смета дека СДСМ е втора по рејтинг партија кај етничките Албанци во Македонија и дека подршката за оваа партија кај нив продолжува да расте, затоа што тие покажале како се градат мостови за соработка внатре и надвор од земјата.

– На Балканот имаше повеќе историја отколку иднина. Анкетите покажуваат дека СДСМ е втора партија кај Албанците после ДУИ. Овa e резултатот од една анкета реализирана пред една недела, истражување направено од институт кој што е веродостоен и верувам дека овој електорат во периодот што доаѓа ќе се зголемува – вели Адеми во интервју за „ABC News“.

Адеми додава дека СДСМ во своите редови има потпретседател Албанeц, има директори во разни институции, а меѓу нив е и директорот за финанциска полиција.

– И јас како Албанец кој доаѓа од редовите на СДСМ сум министер, не сум само јас претседател на комисијата за надворешна политика, претседателот за комисијата за финансии е Албанец во СДСМ, претседателката на комисијата за концептот едно општество за сите е Албанка, имаме тројца пратеници Албанци во редовите на СДСМ, така што СДСМ денеска е една граѓанска партија која што во себе има и Албанци, Македонци, Турци, Роми и од сите други етнички заедници – велиАдеми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This