ЕДМОНД ТЕМЕЛКО ВО ТРКАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК: По четврти пат ќе учествува на локалните избори во Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на општина Пустец од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Едмонд Темелко, во рамки на изборната кампања одржува средби со жителите на Леска, Зрноско, Глобочани, Долна и Горна Горица и останатите населени места.

Темелко на локалните избори што во Албанија ќе се одржат в недела, довербата ќе ја бара четврти пат.

Презентрајќи ги досегашните реализирани актовности на средбите со жителите на Леска, Темелко побара поддршка за да продолжат, како што рече, почнатите, но и многу нови проекти. Најави подобрување на условите за живот, зголемување на вработеноста, зачувување на македонскиот идентитет, култура, обичаи и традиција.

-Излезете масовно на изборите и гласајте за МАЕИ, сите заедно да ја продолжиме успешната приказна за Мала Преспа. Сами сте cведоци што направивме изминатите години во секој поглед, изградба на патишта низ сите села, патот кој не поврзува со граничнот премин Стење, водовод, добивме еден од најубавте плоштади кој го носи името на Гоце Делчев, кого го краси ново изградената црква „Свети Архангел Михаил“. Успеавме да ги вратиме автентичните македонски топоними, поставивме соодветна патна сигализација, имаме многу културни манифестации,…, но треба уште многу да се стори. Во програмата за следните четири години предвидуваме, рече Темелко.

Изборната кампања која завршува во петок со митинг во Пустец, ја води под слоганот „Преспа пред се. За подобра иднина“.

Темелко на претходните локални избори во Албанија, 2007, 2011 и 2015 година, беше избран за градоначалник со околу 80 отсто од гласовите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This