ЕДНАШ НА 500 ГОДИНИ: Апокалиптични сцени во Анкара, откако падна огромна количина на дожд за неколку минути!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од турската претстлнина Анкара изненадно беше зафатена од голема поплава откако се „отворија“ големите облаци над градот, во која шест лица се повредени, а улиците беа претворени во брзаци

„Тоа беше природна катастрофа. Никој не го загуби животот, но шест лица се повредени и предизвикана е голема материјална штета“, рекол градоначалникот на Анкара Мусафа Туна.

Поплавата го погоди округот Мамак, во источниот дел од градот, откако од никаде се појавиле големи облаци, наведуваат турските медиуми.

Телевизиските канали емитуваа снимки од калливите бранови вода, кои ги фрлаа атомобилите. Градоначалникот на Анкара рекол дека ниту еден жител на градот не се смета за исчезнат.

„Тоа е појава која се случува еднаш на 500 години“, рекол Туна на НТВ, пренесува „Јутарњи лист“.

Минатата година во Истанбул два пати се случиа поплави за време на летото кои го парализираа градот. Владата тогаш спомена дека тоа се невообичаени појави за тоа доба од годината и дека можно е причината за таквите појави да се глобалните климатски промени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This