April 16, 2024, 11:20 am

ЕДНА ГОДИНА ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН: Една година од апсењата за собраниските настани од 27 април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една година од апсењата за собраниските настани од 27 април. По повод овој настан кој опозицијата го нарече конструиран процес за измислен тероризам – во среда ВМРО ДПМНЕ ќе излезе на улица. Симболично на истиот ден, една година подоцна ќе започне и новиот циклус на антивладини протести.

Во меѓувреме според последниот извештај на Хелсиншки комитет притворените за 27 април биле целосно оставани без храна и вода и по неколку денови, а имало и други повреди на постапката и на правата на обвинетите. Според извештајот забележан бил и нехуман третман поради тоа што рочиштата траеја и по дванаесет часа.

За нечовечки третман претходно реагираа  и од Коалицијата “Сите за правично судење”, но и адвокатите на притворените.

По вчерашниот неуспешен обид да се состане телото за помирување, се очекува оваа недела членовите со испеглани ставови конечно да седнат на маса и да разговараат за прашањето за кое јавноста очекува одговори -односно нов закон за амнестија.

-Јас искрено очекувам да се приклучат и пратениците од ВМРО ДПМНЕ, вели Хари Локвенец.

Од СДСМ очекуваат состаноците на телото да се одвиваат според однапред утврдена динамика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This