ЕДНА ГОЛЕМА СИЛА СТОИ ПОЗАДИ ГОЛЕМА АЛБАНИЈА: Зоран Заев е обична кукла во спроведуањето на идејата на „Призренската Лига“ за голема Албанија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Филип Петровски при гостувањето во емисијата „Пулт“ во РСМ, заедно со водителката Славица Арсовска ги разјаснува политичките случувања во земјава.

 siptar_ameri_sdsm

Идеологијата на Зоран Заев за спроведување на двојазичност во Македонија наиде на негативни ефекти во јавноста, посебно поради неговите претходни изјави во кои јасно стави до знаење дека Македонците треба да го изучуваат албанскиот јазик во училиштата, додека пак учениците во албански училиште би требале само албанскиот јазик да го изучуваат, ставајќи акцент дека зад ова стојат ставовите на СДСМ за демократско и мултикултуролошко општетсво (во кое нема место за пропагирање на правата и на другите малцинства во Македонија).

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]FILIP INFOMAKS

– Таа стратегија е своевидно продолжување на се она што го прави СДСМ без М во последните 25 години во Македонија. Тоа е своевидна идеолошка реализација на територија на Р.Македонија на она што беше зацртано кон крајот на 19.век со „Призренската лига“. За жал „Призренската лига“ и идејата за голема Албанија не ја спроведуваат само Албанците туку една голема светска сила која што сака на тој начин да го држи овој регион во заложнитво, но не само овој регион туку целиот оној од онаа стара Австро-Унгарија се до Отоманското царство. Да поседува чип во рацете, којшто ќе ги балансира или дебалансира односите кои се воспоставени во овие држави по тие промени од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Практично Заев е онаа компонента што се бара за дестабилизација во Р.Македонија – вели политичкиот аналитичар и доктор по политички науки Филип Петровски.

 

[/kopa_block_quote]

На овој потег, Петровски одговори со историска паралела:

-Карвангелис бил пратен во Егејска Македонија за да создаде поделба на Македонија. Сфатил дека е силно македонското движење, а Грција не го поддржувала со доволно средства. Затоа му требал предавник за да ги разниша темелите на македонското битисување. Каравангелис ветил дека ќе ги школува децата на Коте од Руља.

Му ги школувал децата, им ветил дека ќе бидат елита. На Заев му е ветено да биде новиот Коте од Руља. Чакаларов го чекаше Коте од Руља за да му пресуди. Оваа земја нема право да ја дели и е земја на македонскиот народ.

Понатаму, тој потсети дека Асномска Македонија ја граделе заедно десничари и левичари.

– Не е ова бенигно однесување, ниту политичко. Ова е опасна концепција. Да ве потсетам, во 2001 година е донесен Рамковен договор на штета на македонскиот народ, а корумпираните политичари беа принудени да го потпишат. Тој е поголем од правото на Србите во Хрватска да постават табла на српски. Овде треба да бидат 20 проценти за да остварат права. Во Хрватска треба 1/3 за да се оствари позитивна дискриминација, а кај нас е 1/5 за да се спречи војна. Се спречи војна и се постави корпус од кој нема бегање.

Дали сме ние како држава со најмногу права за малцинствата во Европа? Дајте да направиме компаративни анализи. Како е во Грција, како во Франција, во Бугарија? Дали знае во каков ризик ги става народот и државата. Време е некој да му каже. Со вакво однесување, тој стопроцентно ќе загуби од македонскиот електорат – јасно посочи Петровски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This