ЕДНА СЛИКА, ИЛЈАДА ПРЕКРШЕНИ ЗАКОНИ: Заев се исмева со граѓаните од опожарените региони и крши закони, дали МВР ќе реагира?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Прекрасни се планините и во лето иако ветровито и облачно – ваков исказ на премиер на една држава, додека во истата горат илјадници хектари шума и луѓе губат домови и животи, од психијатриско лице ќе биде сосема сигуно оквалификуван како исказ на лице кое живее во делузија и кое бега од својата одговорност да им помогне на граѓаните.

Дотолку повеќе што се качува на планина и зборува за ветрето и прекрасните планини, веројатно под импресии на своите советници за култура и поезија. Наместо да биде во први редови со граѓаните кои живеат во паника од пожарите, Заев се релаксира возејќи ги скапите играчки со својот син по планините во струмичко каде „нема пожарчиња туку ветарче“. Како заокружување на целосното уживање во викендот, Заев вечерта продолжи заедно со своите министри (кои не чувствуваат одговорност за граѓаните зафатени од пожарите, ниту за застреланото дете), на забава каде имаше обезбедно сопствена маса со алхохол.

Македонија гори, а Заев си го лади мозокот. Токму ветерот кој му прија на Заев додека си ги користи попладнињата за прошетки и релаксација е причината поради која пожарите се ширеа на илјадници хектари, опожаруваа дмови, а граѓаните беа оставени сами на себе и – како што велат – Господ кој единствено може да им помогне, бидејќи Властите задолжени за тоа уживаат во прекрасниот живот и ветерот кој на опожарените им го загорчи животот. Цела среќа што по речиси цел месец пожари кои ја пустошеа Македонија, пред два дена заврна дожд за да ги изгаси и да им ги скрати маките на луѓето загрозени од оваа непогода за која владата не направи ништо да ја спречи.

Дополнително, Заев се шета во планини иако МЗШВ на 7-ми август издаде забрана за движење по шуми и планинa. За непочитување на одредбите од Законот за шумите на физичките лица што ќе се затекнат дека се движат во шума, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност во согласност со член 106 од Законот за шумите.

И врв на се е што од сликата може да се заклучи дека Зaев и синчето кое има 13-14 години се сами со две возила, скапи играчки од илјадници кубици, без кациги и заштитна опрема, односно без законска дозвола неговиот син да вози вакво возило. Никаде во законот не стои дека син на премиер смее да вози без навршени године за возачка дозвола и без заштита. Со тоа, доколку е точна сликата која сакаат да ја испратат од ПР-тимот на Заев, и се загрозува животот на возачот и се праќа негативен пример кон сите останати родители и деца, дека моќта и парите стекнати преку мито и корупција можат да те стават над законот и државата!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This