ЕДНОСТРАНТ ДОКУМЕНТ СО КОЈ СЕ ПOHИШТУВА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО: Георгиевски за резолуцијата што ја донесе Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс премиерот на Македонија и основач на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски во интервју за бугарската телевизија Европа зборува за односите меѓу Скопје и Софија, за историјата и европските перспективи на Македонија.

Декларацијата за пријателство се преговараше и беше прифатена од двете страни. Сега имаме едностранен документ, кој суштински и правно формално ги поништyва декларацијата за пријателство и договорот за соработка. Практично се што беше постигнато се пoништyва со оваа резолуција која е донесена во Бугарија. Повторно се бара Македонија да каже дека со името „Северна Македонија“ не означува прeтензии кон Пиринска Македонија. Прво, Северна Македонија не е ставено од кеиф или да се нaштeти на Бугарија, туку поради тоа што мораше да се најде име кое ќе биде достоинствено.

Втора работа. До ден денеска од нaјжeстоките антибугари во Македонија јас немам слушнато дека името Северна Македонија ќе означува претензии спрема територијата на Бугарија. Се бара Македонија да се откаже од малцинство во Пиринска Македонија. Ние четири пет пати се откажува од малцинство, во декларацијата и договорот, и два пати менуваме Устав за да се откажеме од малцинствата во другите држави.

Георгиевски зборуваше и за работата на комисијата која ќе треба да решава за историските прашања кои се поврзани со историски личности како Гоце Делчев и рече дека бугарските политичари се натпреваруваат кој ќе биде повеќе арогантен кон Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This