,,ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ” ЕЧЕШЕ ВО ГОСТИВАР: Вистината е јасна – иден претседател е Гордана Силјановска Давкова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно име имаме, во душата го носиме, ечеше во Гостивар на почетокот на вечерашниот митинг кој е дел од кампањата за претстојните претседателски избори, закажани за 21 април годинава. Пред насобраните гостиварци се обратија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска.

Мицкоски посочи:

Изминавме илјадници километри разговаравме со илјадници наши сограѓани, треба да ја кажам вистината, а вистината е јасна и едноставна победуваме, а иден претседател е Гордана Силјановска Давкова.

Тој е убеден дека професорката ќе биде избрана од народот, што, според него, ќе биде најава за предвремени парламентарни избори.

Ќе ги победиме на 21 април потоа и на 5 мај, а потоа одиме на предвремени парламентарни избори и Македонија назад помеѓу народот. Во тие илјадници разговори секаде разочарувањето од сета онаа лага што ја кажуваа Зоран Заев и СДСМ – речелидерот на опозиционата партија.

Мицкоски додаде:

-Јас сум овде и стојам пред вас гостиварци исправен и ве гледам очи в очи само со една молба, а тоа е да ве замолам да ни дадете шанса да покажеме дека сме поразлични, да видите дека таа шанса ќе биде искористена вистински во насока на тоа да ги подобриме квалитетите на животите на нашите сограѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This