ЕДНО ЛИЦЕ ПОТЕШКО ПОВРЕДЕНО: Десет сообраќајки во Скопје, пајак службата подигнала 72 возила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно лице e потешко повредено во една од вкупно 10-те сообраќајни незгоди што се случија изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две сообраќајки полесни повреди здобиле две лица, а во седум е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и три возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица поминале на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, седум неправилно се престроиле, еден возач неправилно престигнувал и 12 не поседувале пропишана зимска опрема во возилата.

Од сообраќај се исклучени девет возачи пред да стекнат право на управување моторно возило, двајца почетници, три технички неисправни и седум нерегистрирани возила. Санкциониран е и еден пешак кој поминал улица вон пешачки премин, а затекнати биле и 90 непрописно паркирани возила.

Со „пајак“ се отстранети 72 возила.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This