March 29, 2024, 12:02 am

ЕДНО ОД НАЈМИСТЕРИОЗНИТЕ ОТКРИТИЈА СТАРО 2000 ГОДИНИ: Металните книги од Јордан можат да ги откријат тајните на христијанството!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експертите тврдат дека книгите направени од кожа и бакар, порзани со прстени можат да бидат поважни од откривањето на свитоците од Мртвото Море од 1947 година. Секоја од 70-те книги има помеѓу 5 и 15 “листови” со големина на кредитна картичка. Записите во книгите се во форма на “архаичен” хебрејски јазик, а со симболите и цртежите, тие главно се однесуваат на Месија. Постои можност тие да зборуваат и за paспнyвањe и за вocкрecение.

Металните книги пронајдени од страна на бедуин во една пештера во Јордан пред околу шест години, се една од најголемите и најдобро зачувани збирки кои може да ги откријат тајните на самите почетоци на христијанството. Експертите тврдат дека книгите направени од кожа и бакар поврзани со прстени, можат да бидат поважни од откривањето на свитоците од Мртвото Море од 1947 година. Секоја од 70-те пронајдени книги има помеѓу 5 и 15 “листови” со големина на кредитна картичка. Со радиојаглеродно датирање, со употреба на изотопи на јаглерод, пак, и научно е потврдено дека тие се стари повеќе од 2000 години.

Записите во книгите се во форма на “архаичен” хебрејски јазик, а со симболите и цртежите, тие главно се однесуваат на Месија. Постои можност тие да зборуваат и за pacпнување и за вocкpeсение. Некои научници шпекулираат дека тоа би можело да бидат записи од христовите следбеници за последните денови од неговиот живот и животот на неговата заедница во годините по воскресението.
Британскиот научник Маргарет Баркер, која е експерт по историја на Новиот Завет, објаснува дека според локацијата каде се пронајдени потврдува дека тоа е веројатно христијански формат.

“Верниците двапати бегаа кон исток и го преминаа Јордан кај Ерихон и продолжија до местото каде што беа откриени книгите. Покрај тоа, записите се напишани во форма на книги, а не свитоци и биле запечатени, а тоа е, исто така, тајната традиција на раното христијанство” – вели Баркер.

Огромна мудрост заклучена во книги.
Со самото тоа што се запечатени предизвикуваат сомнение меѓу академиците дали се работи за изгубената збирка на кодот спомнат во книгата Откровение.

Др Маргарет Баркер, објаснува:

Книгата на Откровението зборува за запечатени записи кои може да се отворат само кога Месијата ќе пристигне. Постојат и други текстови од истиот период од историјата кои зборуваат за огромната мудрост која е заклучена некаде далеку во запечатените книги. Тие содржат тајно предание кое Исус им го пренел на најблиските ученици.

По откривањето на книгите од страна на Јорданскиот бедуин, ова потенцијално “непроценливо богатство” го купил еден Израелец, кој ги прокријумчарил надвор од границата. Околу овие книги во моментот се води спор за сопственоста помеѓу археолозите и израелскиот бедуин кој книгите ги пpoшвepцувал во Израел и ги криел, тврдејќи дека ги нашле неговите предци, и дека во неговото семејство се стотици години. Јорданските власти сакаат да ги вратат книгите, бидејќи според јорданскиот закон тие се сопственост на Кралството Јордан.

Израелските археолози тврдат дека книгите се “фaлcификyвани”, додека британските научници се решени детално да ги проучат наводните древни записи.

“Голема е привилегија да имате можност да го истражите ова и да ги презентирате резултатите пред светот. Неверојатна е идејата да држиме предмети кои можеби ги држале некои од првите светци на христијанството” – изјави Дејвид Елкингтон, шеф на британскиот тим на истражувачи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This