„Едно опшecтво за сите“: Пензионерка отплаќа 140.000 денари за парно иако било исклучено во 2007-ма

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Надица Спасовска ѝ се запира една третина од пензијата затоа што одеднаш ѝ пристигнале осум извршни решенија за неплатен паушал од БЕГ за периодот 2012/2013. Иако таа е исклучена од системот на парно-греење уште од 2007 година, пишува порталот Фактор.

Износот од решенијата вкупно изнесуваат околу 140.000 денари плус очекуваните камати.

Од извршните решенија што ни ги покажа Спасовска може да се види дека за надоместок од 420 денари треба да плати 18.852, ила за 596 треба да се раздолжува со 17.935 денари, итн. Сите осум извршни решенија се со слични суми во однос на сумата што треба да се исплати за извршителот, нотарот и адвокатот и плус за паушалот кој месечно се движел од најмалку 420 до најмногу 828 денари.

Извор: Фактор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This