Македонија е единствената земја во Европа каде во моментов им се суди за тероризам на шест опозициски пратеници. Народниот правобранител констатираше дека при приведувањето на пратениците се случи прекршување и непочитување.

-При приведувањето на тројцата пратеници, на 28 ноември 2017 година повредено e правото на пратенички имунитет и начелото на пресумпција на невиност поради непочитување на Правилникот за начинотнавршење на полициски работи од страна на полицијата, истакна народниот правобранител, Иџет Мемети.

-Неспорна е констатацијата дека во случајот е постапено спротивно на членот 19 од Правилникот за начинот на вршење на полициски работи, според кој ‘доколку лицето кое се приведува се повика на статусот имунитет, полицискиот службеник по проверка на веродостојноста на таквиот статус ќе го прекине приведувањето и за тоа веднаш ќе го извести непосредниот раководен полициски службеник.’ Доставена е и  препорака до министерот за внатрешни работи, со која се бара да спроведе целосна постапка за испитување на начинот на постапувањето на полициските службеници на 28 ноември 2017 година, да утврди одговорност и да се санкционираат прекршителите на правата на пратениците“, истакна правобранителот,  нагласувајќи дека е потребно да се постави и прашањето зошто судот издал наредба за приведување и претрес на лица кои уживаат имунитет, без претходно да им биде одземен имунитетот.

Потоа, откако беа апсени насилно пред очите на сопствените деца, под водство на пратеничката група на СДСМ и собранискиот спикер Талат Џафери, на овие пратеници им беше одземен имунитетот.