ЕЗЕРОТО ТРЕСКА ПРЕТВОРЕНО ВО МОЧУРИШТЕ СО ФЕКАЛИИ: И по 6 месеци власт езерото „Треска“ наликува на големо мочуриште од кое се шири реа на фекалии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште едно големо лажно ветување од страна на скопскиот татко Петре Шилегов овие денови излегува на површина.

Станува збор за некогашното популарно рекреативно место езерото „Треска“ кое се повеќе наликува на некое напуштено мочуриште среде центарот на Скопје.

Иако Шилегов уште во октомври минатата година ветуваше дека по преземање на мандатот веднаш ќе започнат активностите за уредување и на локалитетот Матка и за уредување на спортско- рекреативниот центар „Треска“ од тогаш па до денес сликата на езерото станува се по ужасна.

-По преземањето на мандатот, веднаш ќе започнеме активности за уредување и на локалитетот Матка и за уредување на спортско- рекреативниот центар „Треска“, со цел да го направиме попристапен до граѓаните на Скопје, како би можеле ова непроценливо природно богатство да можат да го користат во текот на целата година, во едни нормални услови, во чиста средина, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

Освен ова тој во изјавата наведува и дека во текот на мандатот ќе обезбеди и здрав воздух за граѓаните кои оваа зима се изнадишеа загаден воздух, а доказ се протестите пред Владата, родителите кои не ги пуштаа своите ученици на настава и полните клиники поради загадениот воздух.

Скопје не мрднува од листата на 10 најзагадени градови во светот
-Суштината на мојот мандат во текот на наредните четири години е да обезбедиме чиста и здрава вода за пиење, чист и здрав воздух за граѓаните на Град Скопје, затоа што се тие клучни за нашето здравје, клучни за нашиот живот. Граѓаните се сериозни во овие барања, во целост ја имаат разбрано опасноста“, рече Шилегов кој денеска беше на Матка на покана на хуманитарното еколошко друштво „Извор“.

И по шест месеци откако е дојден на позицијата прв човек на Скопје Шилегов не се сетил да намине покрај езерото „Треска“ и да ја види оваа страшна глетка, погледнете:

Фотографиите ги направи сајтот Екорепублика.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This