ЕКАТИМЕРИНИ:„Горна Македонија“ е името прифатено од двете страни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, за новинарите изјави дека двете страни ги идентификуваа главните прашања што ги поделија.

-Се надевам дека на нашиот следен состанок ќе бидеме подготвени да направиме голем чекор – рече тој.

Според него двете земји  се подготвени да прифатат сложено име со географска одредница како „Северна” или „Горна Македонија”, но тие се уште не се согласуваат дали тоа ќе бара промена на уставот на БЈРМ и до кој степен.

Решението ќе го отвори патот на ПЈРМ кон членство во НАТО и ЕУ, од кои и двете беа блокирани од Атина.

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров беше цитиран од страна на државната новинска агенција МИА дека имало „условно напредок во преговорите”.

-Не е изненадувачки што повеќе отворено и поконкретно одиме кон решение, толку повеќе ќе се појават тешкотиите – рече тој.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This