ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА: Брегалница загадена во штипскиот регион, реката обоена во разни бои

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реката Брегалница е обоена во различни бои. Од колекторот во кои се испуштаат отпадни води од фирмите кои се наоѓаат во кругот на поранешниот Текстилен комбинат „Македонка“, околу 14 часот е забележано дека директно во реката се испушта вода која била со црвена боја, а потоа бојата се променила во сина, а околу 18 часот и црна.

Секретарот на Здружението на спортски риболовци „Брегалница“-Штип, Благој Димитров вели дека загадувањето го забележале членовите на здружението, кои одат на терен бидејќи во моментов е мрестењето на рибата.

– Риболовното друштво неколку пати, всушност не неколку пати туку шест години реагираме, но никој не презема никакви мерки. Водата во реката Брегалница ни ја фарбат во сите бои, вели Димитров.

На неколку метри се наоѓаат и подземните бунари, од кои штипјани пијат вода, но директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев вели дека нема опасност за загадување на водите во подземните бунари, бидејќи станува збор за вода која истекува,а исто така водата од бунарите се преработува и во современата Филтер станица.

Квалитетот на водата за пиење е добар. Но, и тој бара на терен да излезат надлежните инспектори и да го најдат загадувачот.

Риболовците стравуваат дека поради ваквото загадување ќе има проблеми при мрестењето на рибата, а кое е во тек и ќе трае до 15 мај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This