ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО КУМАНОВО: Бројчаникот за загаден воздух „шлајфува“ во место – најзагаден град во Европа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Куманово вечерва ја проби границата на најзагаден град во Европа. ПМ 10 честичките достигнаа дури 1.000 милиграми на метар кубен, што претставуваа апсолутен рекорд ако се знае дека за чист воздух се смета 25 до 50 милиграми ПМ 10 честички на метар кубен. Загаденоста е 10 пати поголема од максимално дозволената граница.

cic-nova640

Еколошката катастрофа на Куманово продолжува како најзагаден град во државата. Додека кумановчани се трујат, власта на СДСМ не презема буквално ништо веќе 27 години, а згора над тоа лицемерно ја обвинува актуелната власт за состојбата со загадувањето која во другите градови е значително помала од Куманово.

СДСМ ја има апсолутната власт во овој град веќе 27 години, без било каков план и мерки, оставајќи ги Кумановчани да се гушат. Од гасификацијата на Зоран Заев нема ништо, кој во Струмица го продава најскапиот гас во Европа. Го нема ниту Оливер Спасовски, кој со години беше секретар на општина Куманово.

alarm

Додека Куманово тивко умира од еколошката катастрофа со најзагаден воздух во Европа, ги нема никаде ниту професионалните платеници од еколошките НВО на СДСМ и Сорос.

Истовремено веќе со години во Куманово во пораст е бројот на лица со малигни заболувања. Во пораст се и другите заболувања како последица на енормното загадување.

Карциномот кој тивко ги убива кумановци, а НВО платениците на СДСМ и Сорос не сакаат да преземат ништо во врска со заштитата на здравјето на жителите на Куманово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This