March 29, 2024, 10:46 am

Еколошка хавaрија, мазут се излеа во водите на Вардар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Темни мрсни дамки од утрово пливаат во водите на реката Вардар кај Велес. Граѓаните кои во градскиот парк рекреираат, алармираа дека цело утро се чувствува мирис на нафта, објави ТВ 24.

Нова хаварија се случи на постројките во велешката фабрика за масло „Благој Ѓорев“. Поголема количина мазут се излеа на улицата до фабриката, од која дел, најверојатно заврши во Вардар.

Се расипал грејач на котелот за мазут, кој почнал да се прелева. Количината била поголема, па ниту прифатниот базен не успеал да ја собере. Хаваријата се случи вчера, а вработените од велешка Маслодајна цел ден ја чистеа улицата, коај полицијата ја затвори за сообраќај. За да го впие истечениот мазут, врз него се истураше сончогледово ќоспе, кое потоа беше товарено и фрлено. Градоначалникот на Велес Аце Коцевски вели дека дел од мазутот, низ одводен канал за атмосферска канализација, стигнал до водите на реката Вардар.

Од велешка Маслодајна признаваат дека имале проблеми со котелот и дека мазут истекол на улица, но не и во одводен канал, со што индиректно негираат дека мазутот стигнал до реката Вардар.

Прехранбената индустрија „Благој Ѓорев“ изјавува дека нема излеано количина на мазут директно во одводен канал. За тоа имаме испратено и соодветни фотографии. Количината која што излегла на улица е не повеќе од 300 kg согласно визуелните проценки.
Екипите на крим техника не направиле увид, со образложение дека на никого не му е предизвикана штета. Општина Велес ќе поднесе информација до обвинителството, заедно со фотографии од местото на хаваријата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This