Еколошка kaтacтрофа во Јагодина, се пpeврте воз со cyлфурна киceлина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вагон натоварен со сулфурна киселина се превртел во близина на Јагодина, а според првите информации од полето било забележано истекување на киселина.

Помеѓу железничките станици Багрдан и Јагодина, на делот од железничката пруга Ниш – Лапово, од товарниот воз на превозникот „Србија карго“, петтиот вагон од локомотивата, натоварен со сулфурна киселина, се превртел на страна вечерва, јави Танјуг.

Како што е наведено во заедничкото соопштение на Инфраструктурата на српските железници и компанијата „Србија карго“, во несреќата нема повредени 

.„Противпожарните единици веднаш излегоа на местото на настанот и го обезбедија местото, бидејќи според првите информации од теренот, забележано е истекување и во моментов се преземаат сите потребни активности од нивниот домен“, се додава во соопштението.

Товарниот воз се состоеше од 17 вагони, а тој сообраќаше од Димитровград до Шабац.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This