ЕКОНОМИЈА„Форд“ отпушта 7.000 вработени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската автомобилска компанија „Форд“ соопшти дека ќе затвори 7.000 работни места во администрацијата или околу 10 отсто од својата глобална работна сила со фиксни месечни примања.

Компанијата се одлучила на ваков потег во рамки на напорите за намалување на трошоците. Според процените на „Форд“, отказите би требало да ѝ донесе заштеда на компанијата од околу 600 милиони долари годишно.

Вработените од денеска ќе почнат да примаат известувања за најавените кратења, а целиот процес би требало да заврши до крајот на август.

Во Северна Америка ќе бидат укинати околу 2.400 работни места.

Извршниот директор на „Форд“, Џим Хакет, во електронска порака до вработените напишал дека укинувањето на работните места ќе биде реализирано низ доброволно напуштање на работата и откази.

„За да успееме во нашата конкурентна индустрија и да го позиционираме ‘Форд’ да победи во иднината која забрзано се менува, мораме да ја намалиме бироктратијата, да ги зајакнеме менаџерите, да го забразаме процесот на носење одлуки, да се фокусираме на највредните работи и да ги намалиме трошоците“, напишал Хакет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This