April 20, 2024, 12:26 pm

ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА ВО ДРЖАВАТА КАТАСТРОФАЛНА: СДС продолжува економски да ја осиромашува Македонија, податоците поразителни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Македонија, продолжува економски да осиромашува…, денес Државниот завод за статистика повторно ја потврди лошата економска политика на СДСМ, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Имено според официјалните податоци, БДП во Q3/2017 година забележал раст од минимални 0,2%, со што за првите три квартали растот (падот) изнесува -0,4%. Но уште повеќе загрижува структурата на растот на БДП. Имено во Q3/2017 година, бруто инвестициите забележале намалување од огромни 9,5%. Ваквиот податок укажува на процес на дезинвестирање односно укажува дека лошите економски показатели ќе продолжат и во наредниот период. Индустријата забележува пад од 5,8%, а градежништвото забавува со огромни 12% пред се како резултат на закочените инфраструктурни проекти и намалените капитални инвестиции. Навистина сите економски параметри се загрижувачки, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Тој додава дека единствена светла точка во нашата економија се претпријатијата во слободните економски зони, од каде извозот постојано расте.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This