„ЕКПСЕРТОТ ИСТОРИЧАР“ ЗАЕВ: Ќе седнам со комисијата, зошто да ни е стpaв дали Бугарија нешто ќе превземе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање поставено од Магдалена Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ најави дека деновиве ќе седне на заедничка маса со комисијата на македонски историчари од заедничкиот Мешовит комитет кој треба во наредниот период да дојде до договор со бугарската страна во согласност со спогодбата за добрососедство.

„Ние овие денови со министерот ќе одржиме состанок со комисијата за да видам до каде е дојдено и дали може да се направи исчекор. Зошто да ни е страв дали Бугарија нешто ќе превземе. Тоа што ќе го постигнеме треба да водиме грижа да биде во ред за Бугарија, но и Бугарија да води грижа тоа да биде во ред за нас“, рече Заев.

Шефот на македонската Влада од собраниската говорница ги охрабри експертите од комисијата да поминат преку „документите кои се неоспорени“.

„Нашите укажувања се дека комисиите не треба да имаат аспирации , историјата е жива материја. Сите све свесни дека постојат историски документи кои се неоспорени. Не се плашете ако е нешто документирано и историски прифатено од двете страни. Да ги отвориме хоризонтите на 21 век Да и дадеме шанса на иднинината на нашите граѓани“, ги повика Заев.

Тој додаде дека „црвените линии“ на бугарскиот државен врв го допреле и него, како и сите граѓани, и како што вели тој, загриженоста е на место

„Ние треба да се обидеме да ги разбереме и нив. Тоа е најмалото изискување на пријателството. Треба да бидеме модерни европски народи каде што разноликоста блеска“, смета Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This