ЕКСАЛИРААТ МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ: Силеџиството на владеачкото мнозинство се излева на улиците – навредливи графити се појавија низ Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Насилното изгласување на законот за двојзичност, со прегазување на сите деловнички и уставни процедури, со одбивање на амандманите и ускратување на основното демократско право за дебата на пратениците по однос на законот, предизвика уште поголем јаз во меѓуетничките односи во државата

 

На ваков епилог предупредуваа низа на експерти, професори и здруженија на граѓани, но предупредуваше и ВМРО-ДПМНЕ. За волја на вистината дури и за време на насилството на 14. март, екс-премиерот Никола Груевски кој се обидуваше да го спречи Талат Џафери на силеџиски начин да го спречи носењето на овој закон, го предупреди да се откаже од насилството.

„Немој на сила“ – го предупреди Груевски, Џафери.

Веднаш по вандалскиот чин на владеачкото мнозинство дури и новинарите бараа од Талат Џафери да објасни дали тој ќе ја превземе одговорноста доколку поради неговото силеџиство во Собранието, ескалира меѓуетничката нетрпеливост. Џафери одговори дека тој нема намера да се занимава со работи надвор од Собранието.

За жал, предупредувањата стануваат реалност откако низ улциите на Скопје се појавија навредливи графити на кои е испишано „Смрт за шиптари“, кои јасно покажуваат дека политиката која ја води ова владеачко мнозинство, не само што е деструктивна по животниот стандард на граѓаните, туку е опасна и за мирот и безбедноста на граѓаните.


Институтот за духовно и културно наследство на Албанците ноќта по носењето на Законот бил исчкртан со графити на кој пишува „Смрт за шиптари“. Се уште не е утврден идентитетот на сторителот кој ги испишал овие графити на објектот кој се наоѓа на булеварот „Илинденска“.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This