ЕКСКЛУЗИВЕН ДОКУМЕНТ НА ИНФОМАКС: Партискиот суд на СДС однапред знае дека рочиштето против Заев ќе се одложи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До нашата редакција денес пристигна документ кој бил испратен од кабинетот на претседателот на судот преку системот за соопштенија, на кој се гледа списокот на закажани судења за кои е потребно снимање со камери

Ако внимателно се разгледа списокот, може да се забележе дека од сите закажани судења кои ги следи јавноста, снимање на рочиштето не е закажано само за рочиштето кое го води судијата Дарко Тодоровски.

Дарко Тодоровски пак, го води процесот „Поткуп“ во кој лидерот на СДС е обвинет за примање на мито во висина од 200.000 евра, а е закажано за 26.02.2018 година.

Оттука се поставува прашањето, дали судијата однапред знае дека судењето впрочем нема да се одржи, па воопшто не организирал камери за снимање на рочиштето, или пак намерно не закажал снимање за да се заштити Зоран Заев од јавноста. Според информациите кои ги добивме, братот на судијата Тодоровски е долгогодишен активист на СДСМ, Јордан Тодоровски, а најверојатно е и вработен како информатичар во партијата.

Заев е обвинет дека во улога на градоначалник на Струмица ја злоупотребил својата службена положба и наводно од локален бизнисмен барал мито од околу 160.000 евра за легализација на државно градежно земјиште.

Додека случајот беше во фаза на истрага, во јавноста се појави снимка од кабинетот на градоначалникот каде Заев зборува за наводниот поткуп. За адвокатите на градоначалникот, наводите на обвинението биле спротивни на законот. Дали ќе бараат специјалната обвинителка да го застапува и овој случај, бранителите на Заев со одговор

Првото рочиште за овој случај беше закажано за 25 јануари минатата година. Судењето досега беше одложувано повеќе пати.

Наведените причини беа различни, но целта е иста – Заев да избега од обвинителна клупа.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This