(Ексклузивно)ИСПОВЕД НА РАЗУЗНАВАЧ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: За „Диво Насеље“ се знаеше шест месеци претходно – против Ѓорѓе Иванов се води хајка од разузнавачи во Агенцијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кој стои позади приказните и шпекулациите кои во јавноста ги пропагираат медиумите блиски до власта, но и владејачката СДСМ за наводна вмешаност на претседателот Иванов и неговиот кабинет во настаните од 27.април минатата година, е прашањето кое многумина се обидуваат да го одговорат


До нашата редакција пристигна разузнавачка информација, од свиркач во една од инстутициите на безбедносните сили во земјава, во која се објаснува кои се луѓето инволвирани во креирањето на лажната приказна за наводна вмешаност на претседателот Иванов во настаните од 27.април минатата година.

Според свиркачот, се работи за софистицирана разузнавачка операција, која има за цел оцрнување на името на Иванов, но и отворен терен за СЈО кое врз основа на овие шпекулации подоцна би можело да отвори обвинение, со цел апсење на шефот на државата.

„Кратко по победата за вториот мандат на Претседателот Иванов во 2014.година, беше формирана мала група на луѓе со цел овозможување на втора шанса за губитникот на изборите Стево Пендаровски. Групата беше формирана од Еролд Муслиу, висок офицер во Агенцијата за разузнавање. Неговите долгогодишни неуспешни обиди да стане директор на АР предизвикаа фрустрации кај него“ – вели свиркачот за Инфомакс.мк

Според изворот на Инфомакс во разузнавачките служби, набрзо по Кумановскиот терористички напад во 2015 година, тој започнал да брифира новинари и политичари дека припадници на Агенцијата за разузнавање биле инволвирани во валкана игра со терорисите кои убија 8 полицајци во Куманово.

„Вистината е дека тој не беше свесен дека шест месеци пред нападот Агенцијата испрати извештај до УБК во врска со постоење на група на Косово со план за акција во Македонија. Всушност, по трагичниот настан Јавниот обвинител побарал од Агенцијата информации за настанот, но откако увидел во каква состојба се наоѓа Агенцијта за разузнавање се откажа од истрагата. Ова се случи поради несериозното однесување на УБК по информацијата за терористички напад. Но, она што е најлошо е фактот дека Муслиу откри имиња на дел од разузнавачите на медиумите со што директно ги загрози нивните животи“ – вели свиркачот за Инфомакс.

Разузнавачот, кој инсистира на анонимност, тврди дека Муслиу потоа се повлекол на некое време, се додека не влегол во зоната на интерес на Турција, а во врска со обезбедувањето на логистика и скривалишта за членови на ФЕТО кои беа вмешани во воениот пуч во земјата.

„Веднаш потоа, неговото име се најде во дел од медиумите како човек кој учествувал во вршење притисок врз пратеници со цел изгласување на промена на името“ – вели изворот за Инфомакс.

„Можеби најголемата штета е конструкцијата и лагата за инволвираност на Македонскиот претседател Иванов, и негови членови на кабинет заедно со припадници на АР во настаните на 27.Април 2017. Неговите лаги дека Иванов планирал да прогласи воена состојба веднаш по влегувањето во Собранието, направија голема политичка и лична штета на неколку членови на кабинетот на Иванов како и на неколкумина припадници на АР. Реалноста е дека секоја институција на државната безбедност собира разузнавачки информации на безбедносен настан каков што беше ониј во Парламентот, дирекнто од лице место. Тоа е нормална процедура. Но, со конструкциите на Еролд Муслиу, некои претставници на СДСМ како Мухамед Зекири или министерот Дамјан Манчевски успеаа да направат низа на обвинувања против Претседателот и АР, што резултираше со тужби за нив.“ – вели разузнавачот за Инфомакс.

Сега, додава тој, истиот човек продолжува да шири лаги кои пак ги пренесуваат луѓе како Миле Бошњаковски и други високи претставници на власта, како директорот на ОТА Зоран Ангеловски и директорот на УБК Горан Николовски.

„Еролд чека втора шанса за Стево Пендаровски да стане претседател за тој да може да стане директор на Агенцијта за разузнавање. Како утешна ‘награда’ тој се гледа како советник/координатор за разузнавачките служби во земјата. Во меѓувреме истиот човек обезбедува класифицирани информации за неговата сопруга која пак е претседател на НВО организација која се занимава со проекти од контра-тероризам. Таа дури има вработено и разузнавачи од АР, лојални на нејзиниот сопруг, кои работат на проекти од НВО-то. Некои од овие проекти се реализирани преку градоначалници на СДСМ блиски до Муслиу и највисокото раководство на СДСМ“ – завршува разузнавачот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This