ЕКСКЛУЗИВНО: Кремљ ја објави содржината на разговорот помеѓу Путин и Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Службата за медиуми во Кремљ ја објави содржината на телефонскиот разговор помеѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.

trump-putin-phone-732356

Владимир Путин му го честитал на Трамп стапувањето на должност претседател на САД и му посакал многу успех.

Во текот на разговорот акцентот бил ставен на стабилизација и подобрување на американско-руските односи на конструктивна и рамноправна основа.

Двајцата претседатели ги прокоментирале и важните меѓународни проблеми, а најмногу разговарале за тероризам и борбата против него, состојбата на Блискиот Исток  и Корејскиот полуостров и арапско-израелскиот конфликт.

Председателите се согласиле дека треба да се обединат силите во борбата против најголемата закана по светот- Исламската држава.

Истотака била нагласена важноста на потполно воспоставување на трговски и економски  врски на двете земји, што може да се толкува како волја на Доналд Трамп да ги укине санкциите кои се воведени за Русија од страна на администрацијата на Обама.

Воедно се согласиле дека треба што побрзо двајцата претседатели да остварат официјална средба.

Трамп му рекол на Путин да му ги пренесе на рускиот народ неговите желби за позитивен развој и дека американскиот народ со симпатии се однесува кон рускиот народ. Путин на Трамп му ги возвратил истите желби за американскиот народ и го потсетил дека Русија и Америка биле сојузници во текот на два века и во две светски војни, и дека се надева на сојузништво во борбата против меѓународниот тероризам.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This