ЕКСКУРЗИЈАТА НА СЕВЕРНА ЌЕ ЧИНИ 150 ИЛЈАДИ ЕВРА: Учеството на Евросонг скапо ќе ги чини граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Отстапки од буџетот секогаш има, најчесто повеќе од 10 отсто, во зависност од земјата-домаќин на настанот. Ние работиме транспарентно, како јавен сервис должни сме да дадеме отчет на јавноста – изјавила денес Анета Андонова, главна уредничка на Првиот програмски сервис на МРТ за Женски магазин.

Ова е прв пат јавноста да има увид во тоа колку пари се издвојуваат за настанот. Во минатото, шефицата на нашата евровизиска делегација, Мери Попова, одбиваше да ја открие сумата која секоја година МРТ ја одвојува за ,,Евровизија”, но и за ,,Детска Евровизија”.

Годинава, за нашиот настап на ,,Евровизија 2019” во Тел Авив, Израел, ќе биле потрошени најмалку 150.000 евра. МРТ предвидел буџет од 7 милиони денари, трошоци за патување, транспорт, хотелско сместување, дневници за евровизиската делегација и тимот кој ќе ја придружува Тамара Тодевска, која е наш претставник годинава. На оваа сума се додавале и трошоците за предевровизиски гостувања за промовирање на песната, рекламни материјали, ,,Македонска вечер” и друго. Надомест од 2,5 милиони денари националниот сервис ќе морал да уплати за „Програмски права“ од кои скоро 36.000 евра се за учество на „Евросонг“, а 5.000 евра е котизацијата за „Детска Евровизија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This