ЕКСПЕРТИТЕ ЗА НАЈАВАТА ЗА НАБАВКА НА НОВ АВИОН: Не ни е потребен нов авион, тоа е дополнителен трошок!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев пред неколку денови во интервју за весникот „Независен“ нагласи дека е време за купување на нов државен авион затоа што времето на „лирџетот“ што го имаме му е „истечено“ , барем за ВИП-летови.

Тунтев посочи дека ќе се бара ВИП авион со минимум 15 седишта, да се плати во форма на лизинг без притоа да објасни каков вид на лизинг и дека еден авион да се земе чини меѓу 15-20 милиони евра.

На оваа тема вчера се разговараше и во централното издание на вестите на 1ТВ со Ѓорѓи Чачкировски кој е експерт за авијација. Според него ако владата мисли да земе авион кој што лета 200 часа годишно не ни е потребен како дополнителен трошок.

Според Чачкировски требало да излезат со конкретни информации бидејќи граѓаните треба да знаат во кој вид на форма на лизинг авионот ќе се земе бидејќи лизинг има неколку форми. Едниот е сув лизинг, кога го зимаат само авионот под наем и го користите во соодветни услови кои ќе бидат потпишани во договорот. Другиот е влажен лизинг со се пилот, со се ова доколку се одбере тоа. Третиот е варијанта финансиски и четвртиот е варијанта на откуп. Претпоставува и мисли дека е најпаметно владата да отиде на варијанта на откуп на авион со тоа што веројатно и овој авион ќе биде продаден за некоја сума.

Треба да се избере авион кој ќе одговара на потребите на владата. Кој тип ќе биде, тоа е второстепено прашање кое треба да се стави на хартија, појасни Чачкировски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This