ЕКСПЕРТИТЕ НЕГОДУВААТ: Зачудени сме од одлуката Русковска да не ја промени класификацијата на кривичното дело за 27 април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експертската јавност запрепастена откако обвинителката Вилма Русковска не ја промени класификацијата на кривичното дело за настаните од 27 април 2017-та година во Собранието. Адвокатката Снежана Јошевска Анастасовска, пред камерата на Алфа како пример го зема случајот на Игор Дурловски, каде Русковска кажа дека делото го сторил со потпалувачки говори, но Јошевска Анастасовска вели дека доказ за такво нешто нема.

-Кога ги образложуваше доказите во врска со ова не посочи ниту еден доказ држел потпалувачки говори. А знаеме дека барем од телевизијата и она што на јавноста ни беше достапно, знаеме дека внатре во Собранието, Дурловски не држи никаков говор, дента не држи никаков говор ниту напред пред Собранието. И не е јасно, иако е тоа вака широк поим што е потпалувачки говор, не беше даден ниту еден говор на Дурловски да видам дали било кој говор негов бил потпалувачки, изјави Јошевска Анастасовска.

Обвинителката Русковска која чекаше скоро една година од поднесувањето на обвинението, да открие што кажал загрозениот сведок за овој случај, барањето за најмалку 10 годишна затворска казна за Дурловски, го темели врз исказ на сведоци. Според Јошевска Атанасовска исказот на сведокот Курто Дудуш е нејасен.

-Вика мислам не сум сигурен и самиот обвинител го кажа ова во завршниот збор. Кажал Курто Дудуш мислам дека беше тој, тоа не може во постапка, во кривичина постапка не може пресуда да се заснова на таков исказ, бидејќи сите можеме да мислиме за некој друг дека сме го виделе, ама не сме сигурни, изјави Јошевска Анастасовска.

Таа го коментираше и исказот на Александар Василевски Нинџа, кој исто така е обвинет во овој случај, каде вели дека Дурловски земал пари од ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека неговото сведочење е рекла казала момент и не може на основа на тоа, да се запечати судбина на еден човек и целото негово семејство.

-Тоа се вика во правото рекла казала момент, сега кога имате два сведоци, од кои едниот е со казала момена, другиот нејасен и несигурен. Врз основа на тие два сведоци, не може да се заснова пресуда за вака тешка работа, не може никоја пресуда да се заснова, не па со која ќе се запечати судбината на еден човек и на целото негово семејство, изјави Јошевска Анастасовска.

Адвокатката смета доколку судот ги гледа доказите и суди правично, пресудите за обвинетите за настаните од 27 април ќе бидат ослободителни.

Извор: Алфа ТВ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This