March 28, 2024, 11:38 pm

Експертите од НАСА тврдат: Месечината се намалува и има потpеси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Месечината се тресе, а во текот на последите десет години внатрешноста се оладила и се собрала како суво грозје, заради тоа се намалува, покажуваат податоците од НАСА.

Карпите кои што претходно се распаднале оставиле траг на целата површина, а новите податоци на НАСА покажуваат дека и денес се слушуваат некои потреси во должина на расцепите. Исто така таа продолжува да се намалува.

Експертите, овој процес го споредуваат со начинот на кој што сувото грозје постепено создава линии додека се лади и се собира. За разлика од кожата на сувото грозје, кората од Месечината не може да се растегнува затоа што е кршлива и се распаѓа кога и да се случи нејзино намалување. До овој недостаток доаѓа кога кората се поместува и кога го турка едниот дел над другиот. Тогаш се формираат необични камења кои можат да се видат на нејзината површина. Тие се високи и долги со километри.

 

Новите истражувања се овозможени со креацијата на алгоритам кој ги обработил сеизмичките податоциод 1960-те и 1970-те години. Тоа помогнало во расветлувањето на процесот на потресување и сфаќањето од каде тие доаѓаат.

Откако податоците за локацијата се регенерирани и споредени со фотографиите кои ги направил лунарниот извиднички орбитер на НАСА во 2010-та година, утврдено е дека најмалку 8 потреси се предизвикани од поместувањето на плочите под Месечината, а не од удар на астероиди или некои други објаснувања. Ова потврдува дека Месечината сè уште доживува текстонска активност.

Експертите сметаат дека потресите и намалувањето се случуваат и денес, а фотографиите ги покажуваат неодамнешните движења – камењата на површината од Месечината.

Инструментите кои ги ославил Аполо 11, од 1969-та до 1977-та година, забележале 28 потреси. Потресите се случувале кога Месечината била на најоддалечената точка од Земјата затоа што Земјината гравитација ја оштетува кората на Месечината.

Експертите се надеваат дека сега ќе се вратат на Месечината и ќе откријат каква е ситуацијата денес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This