April 19, 2024, 11:00 pm

ЕКСПЕРТИТЕ ОЧЕКУВААТ НОВИ ИЗБОРИ НАСКОРО: Владата се потешко ќе се формира – нови избори изгледаат како најреално решение!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експертите сметааат дека Влада многу тешко ќе се формира и очекуваат нови избори наскоро. Тоа е можеби и единственото решение во моментов, со оглед на тоа што последните избори беа, како што велат украдени со масовното гласање на албанците за опозицијата
ahmeti_jamka

ВМРО-ДПМНЕ нема да преговара и нема да дозволи промена на Уставот со цел двојазичност на целата територија и продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, повтори коалицијата „За подобра Македонија”.

– Независно на исходот околу составување Влада во следниот период, независно дали ќе се формира нова Влада и кој ќе ја формира, што и да се случи, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија” нема да преговара ниту пак ќе дозволи промена на уставниот поредок со цел двојазичност на целата територија и продолжување на мандатот на СЈО, се наведува во соопштението.
Како што веќе објавивме експертите по Уставно право за Вечер појаснија дека доколку мандатот на крај остане нереализиран во фиоката на претседателот Иванов, тогаш Собранието со 61 пратенички глас “за” треба да се самораспушти и со тоа да се распишат нови избори во рокот кој е законски предвиден. Толкувањата на уставно-правните експерти целосно ја закопаа и последната надеж дека СДСМ може да формира влада. Во истовреме, СДСМ се уште го убедува своето членство дека откако Груевски немало да успее да формира влада – мандатот ќе дошол во рацете на Зоран Заев, покрај фактот што ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори- факт што и Ахмети го потенцираше во неговото последно интервју.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека СЈО нема никаква врска со правдата, тоа е политички инструмент во рацете на еден центар на моќ и нивните домашни инструменти за уцена на секој политичар кој ќе се бори за националните интереси на македонскиот народ и државните интереси на Македонија, и нејзините граѓани. Според партијата, СЈО е копче кое ќе биде стиснато секогаш кога кој било ќе се осмели да не игра така како што некој од надвор му сервира и диктира и е алатка со која се деградира и негира суверенитетот и независноста на македонската држава.

– СЈО не е независно и непристрасно и нема никаква врска ни со правото ни со правдата. СЈО е инструмент за продолжување на кризата и држење на Македонија во заложништво, и затоа ние никогаш нема да се согласиме Македонија да продолжи да се држи во заложништво и да постои инструмент за дисциплинирање на секој оној кој се бори за заштита на националните и државните интереси. Не дозволувањето за продолжување на мандатот на СЈО не е страв туку храброст и пркос, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО- ДПМНЕ освои најголем број пратеници на последните избори. Не е првпат албанскиот фактор под притисок на амбасадорите да ги промени своите одлуки. Слично се случи и за изборите кои требаше да се одржат на 5 јуни кога пратениците на ДУИ најпрво гласаа за распуштање на Собранието, за потоа да поднесат иницијатива пред Уставниот суд за поништување на одлуката.
Од седницата на централното претседателство на партијата, ДУИ побара рамноправна употреба на службениот албански јазик, интеграцијата во НАТО и во ЕУ, како и продолжување на мандатот на СЈО со цел расветлување на сите сомнежи кои произлегуваат од скандалот со прислушувањето.
Дипломатот Ристо Никоски смета дека Влада многу тешко ќе се формира и очекува нови избори наскоро. Според него, тоа е можеби и единственото решение во моментов, со оглед на тоа што последните избори беа, како што вели украдени со масовното гласање на албанците за опозицијата.
-Албанската платформа е антиуставен ултиматум формулиран во Тирана, и поддржан во Приштина што покажува и докажува дека албанските политички лидери од Македонија се нивни тројански коњи во нашата политика, а не автохтони политичари кои работат во интерес на граѓаните во оваа држава, вклучувајќи ги и Албанците. Платформата не може никако поинаку да се нарече, освен дел дел големо- албанскиот проект зад кои за жал стои и Вашингтон и неизбежно води во федерализација на земјата. Очигледно е дека Влада многу тешко ќе се состави, а тоа значи брзо одење на нови избори. Мислам дека тоа е најдобро решение, бидејќи само така до израз ќе дојде вистинското расположение на гласачкото тело, бидејќи последните избори беа украдени со масовното гласање на албанците за опозицијата кое неспорно беше организирано, вели Никоски во изјава за Вечер.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This