ЕКСПЕРТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ ОСТАВЕН НА УЛИЦА, ЛЕБОТ МУ ГО ЈАДЕ БРАТОТ НА МУХАМЕД ЗЕКИРИ: Останав на улица, а братот на Мухамед Зекири го вработија во влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долгогодишен член на СДСМ и активен учесник во Шарената револуција вели дека партијата на власт целосно ги измешала лончињата и место да обезбеди работа за вистински експерти на полето на евроинтеграциите таа вработува членови на семејства на високи функционери кои освен што не се стручни со ништо не придонесле за уривање на режимот на ВМРО – ДМПНЕ, пишува Експрес.мк.


Тој вели дека и без СДСМ се снаоѓа затоа што го ангажираат странци поради неговата експертиза но практиката е лоша затоа што наместо да се засилува тимот за преговори во Секретаријатот за Евроинтеграции се вработуваат луѓе кои не знаат ништо за евроинтеграциите.

Пример за ова е вработувањето на братот на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири во секретаријатот за европски интеграции без никакви квалификации додека луѓе што завршиле престижни школи во ЕУ мораат да бегаат надвор од државата затоа што овде не ги викаат ни на интервјуа, тврди разочараниот член на СДСМ кој вели дека се распаднаа сите ветувања на Заев за вработувања на најдобрите, на тие што можат да повлечат напред.

Братот на Мухамед Зекири можеби е добро момче но тој не е од тие што можат да повлечат напред туку допрва треба да учи што е ЕУ и евроинтеграции, вели македонскиот експерт кој својата среќа ја бара надвор од Македонија во моментот кога земјата треба да почне преговори со ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This