ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПОГОН ВО СКОПЈЕ: Гасна печка експлодирала во погон на „Виталија“, има повредени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден во 10:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Г.С. пријавил дека во населбата Керамидница на ул.„516“, во погон на фирмата „Виталија“, настанала експлозија на машина – печка на гас, при што имало повредени лица кои работеле во погонот.

Повредени биле М.М. (49) од Скопје, и Х.М. (33) од с.Агино село-кумановско кои се здобиле со телесни повреди. Кај Н.Н.(42) и В.С.(54) не биле констатирани повреди, туку само бил предизвикан стрес. Повредите се констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР-Скопје и Државен инспектор за труд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This