Полицијата соопшти дека огнот се проширил многу брзо по гласната детонација утринава во градот Вохбург ан дер Донау, на јужниот дел на Германија. Густиот чад бил видлив на милји од местото на експлозијата.
Во експлозија во нафтена рафинерија во Баварија, Германија, повредени се 8 лица, додека 1.800 лица кои живеат во близина се привремено евакуирани, пренесува Агенцијата Анадолу.
Полицијата соопшти дека огнот се проширил многу брзо по гласната детонација утринава во градот Вохбург ан дер Донау, на јужниот дел на Германија. Густиот чад бил видлив на милји од местото на експлозијата.
Жителите се евакуирани поради опасност од труење со чад, но тестот на квалитетот на воздухот подоцна покажа дека луѓето можеле да останат во своите домови.
Германската новинска агенција ДПА јавува и дека сите повредени биле вработени во рафинеријата „Bayernoil“. Се наведува дека на терен се наоѓаат околу 400 пожарникари и полицајци кои го гасат огнот.
Причината за експлозијата сѐ уште не е позната.