April 26, 2024, 11:25 pm

ЗДОДЕВНИ ОСКАРИ 2019:„Зелената книга“ прогласен за најдобар филм!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да станувало збор само за филмовите годинешното доделување на оскарите веројатно би поминала потполно под радарот. На сета среќа, политичката креативност и промашените одлуки на Академијата го спасија денот.
Немавме разигран водител кој би танцувал и би ја испеал воведната песна, би се појавил во доста продуциран скеч и би ја исмејал најголемата ѕвезда во салата…туку еден куп најавувачи кои се обидувале да го направат истото но сомногу помалку успех. Како дебаклот на Џејмс Франко и Ен Хатавеј да сте го помножиле со бројот на најавувачи. Вистина, доделувањето благодарение на овој пристап можело да биде многу подраматично (а не беше), но во исто време и доста невпечатливо искуство кое најдобро би можело да се опише како спорадично забавно нижење на повеќе или помалку интересни најавувачи.

Накусо, домаќините мораат да се вратат на стариот концепт бидејќи Оскарите без водител се без карактер – како бледа сенка на она што го очекувате и на што сте навикнале од најголемиот филмски настан на годината.
Ситуацијата ја спасуваа само музичките изведби на номинираните во категоријата на најдобра песна. Со посебен акцент на победничката „Shallow” која беше еден од ретките (навистина ретки) вирални моменти на вечерта.
И, покрај сите изненадувања (пријатни и непријатни) наградата на вечерта му припадна на миленикот на публкиката, исклучително симпатичниот „Зелената книга“ кој можеби не се нашол на врвот на секоја листа, но многумина му предвидувале победа.

Награди на оскари 2019:
Најдобар филм:
„Green Book”

Најдобра режија:
„Roma” Alfonso Cuarón

Најдобра главна машка улога:
Rami Malek во „Bohemian Rhapsody”

Најдобра споредна машка улога:
Mahershala Ali- „Green Book”

Најдобра главна женска улога:
Olivia Colman во „The Favourite”

Најдобра споредна женска улога:
Regina King „If Beale Street Could Talk”

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје номинирани се:
„Roma” Mexico

Најдобро адаптирано сценарио:
„BlacKkKlansman” Charlie Wachtel & David Rabinowitz, Kevin Willmott & Spike Lee

Најдобро оригинално сценарио:
„Green Book” – Nick Vallelonga, Brian Currie, Peter Farrelly

Најдобра оригинална песна
„Shallow“ – „A Star Is Born“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This