ЕКС-АГЕНТОТ НА ЦИА И МЕДЕРАСКИ ФОРМИРАЛЕ ФИРМА ЗА КОНСАЛТИНГ: Како Стивенсон и Медарски ветувале слобода на oбвинeти од СЈО за милионски суми?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Информациите на Инфомакс за конекција помеѓу адвокатот на Заев, Филип Медарски и поранешниот дипломат на САД вработен во Американскат амбасада во Скопје се покажаа како точни. Имено двајцата заедно со уште неколку други соработници познати за македонската јавност формирале фирма која според описот на нејзината веб страница се бави со консалтинг на странски фирми кои сакаат да инвестираат во Македонија.

Компанијата кои двајцата ја формираат се нарекува ,,Statecraft’’ или во слободен превод на македонски ,,креирање на држави’’, име кое е симптоматично во период кога Македонија под водство на Заев го промени името и дефакто се формираше нова држава со ново име Република Северна Македонија.

Основачи на фирмата се токму дуото Медарски – Стивенсон за кои минатата недела објавивме скандалозни информации дека тие повикувајќи се на моќта на Американската амбасада, а без знаење на амбасадорот Џес Бејли ветувале ослободитени пресуди, домашни притвори и други ,,услуги’’ за низа на македонски моќници меѓу кои се наоѓаат бизнисмени, политичари и разузнавачи.

(Документи)МЕДАРСКИ И СТИВЕНСОН ГО ОТВОРИЛЕ СУДСТВОТО КО ПУПКА: Барале милионски суми за ослободителни пpecуди и домашни пpитвppи!?

Според неофицијални информации фирмата во Македонија и уште една формирана во соседна Србија од истите протагонисти се користат за перење на парите кои ги добиваат од моќниците кои имаат проблеми со законот.

Медарски и Стивенсон наводно, ветувале слобода и отфрлање на обвиненијата, како и укинување на притвори, а за возврат наплаќале милионски суми. Сепак во неколку наврати тие ги прекршиле своите непишани, но дебело искреширани договори, бидејќи и двајцата Стивенсон и Медарски по што, измамените моќници се обратиле директо кај Бејли кој воопшто не знаел што тие прават, претставувајќи се во негово име!

Доказ за нивната конекција е токму нивната заедничка компанија ,,Statecraft’’, во која се вработени и кадри на ДУИ како што е поранешниот министер за економија Ваљон Сарачини и Нурхан Изаири.

Имено фирмата е регистрирана на истата адресата каде што се наоѓа адвокатската канцеларија на Медарски, Васил Главинов 3/1-1. Дополнително лице за контакт со ,,Statecraft’’ е уште еден вработен во адвокатската канцеларија Медарски, Бојана Давитковска за која се уште до крај не е расчистена дилемата дали е во роднинска врска со деканот на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Според засега непотврдени информации, парите кои екс-агентот на ЦИА во Македонија Дејвид Стивенсон и неговиот бизнис партнер Филип Медарски ги заработувале од ветуањата кои им ги давале на обвинетите во високо-профилирани судски случаи, биле легализирани преку фирми и сметки во соседна Србија.

Меѓу оние кои добиле понуди за cлoбoдa од пpитвop и oбвинeниja се и обвинетите во случајот „Империја“, кои откако платиле, а не добиле услуга за возврат, наводно го информирале американскиот амбасадор кој според информациите не бил запознат со операцијата на Медарски и Стивенсон, односно, дека двајцата лажно се претставувале во негово име ветувајќи услуги во cудoт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This