ЕКС АМБАСАДОРОТ НА АВСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Вистинскиот број на Албанци во Македонија е околу 15%

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Моите пријатели, кои како меѓународни набљудувачи го следеа пописот во 2004 ми раскажуваа за наеднаш расцветаните албански села во “планините” кои со децении биле пусти. Ако се споредат резултатите од повеќе последователни пописи, очигледно е дека податоците се нагодувале. Ќе си дозволам да го наречам пописот во Македонија 2004 беше попис ,,А ла Потемкин”. Денес се знае од документацијата на социјалните служби и од протечените информации за издавањето лични документи, дека вистинскиот број на Албанците во Македонија изнесува околу 15 проценти, изјави во екслузивното интервју за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ” на Радио Слободан Македонија, Харалд Кочи, поранешен амбасадор на Австрија во Македонија и политички аналитичар.

Платформата од Тирана, кога се чита, изгледа дека е безболна, но проблемите или ѓаволот е во детаљите. Како резултат е фактичкото зголемување или проширување на ,,албанскиот елемент”, односно овој елемент да се прошири низ целата држава Република Македонија, изјави своевремено за Програмата „Гласот на народот” со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија, Др.Хералд Кочи- поранешен амбасадор на Австрија во Македонија и политички аналитичар.

Кочи тогаш потенцираше дека ,,бинационална држава е таква да ги потиснува другите малцинства или националности”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This