ЕКС АМБАСАДОРОТ НА САД ОД 2001 РИКЕР АГИТИРА ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО:Сите Македонци треба да излезат и да кажат „да“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Филип Рикер веројатно ќе остане запаметен како најозогласениот американски амбасадор во Македонија, а единствен кој може да му се приближи во непопуларноста е актуелниот.

Но сепак Рикер се одлучи да си го задржи приматот на инфамозноста во Македонија и сега агитира за референдумот на Заев и промена на уставното име. Во интервју за телевизија Сител, Рикер потсети на изјавата на генералот Скапароти и додаде дека тој видел дека Македонија е добро подготвена да придонесе во Алијансата. Очекувањата на претставниците на американската војска се дека Македонија ќе биде целосен и еднаков член во НАТО и оти ќе има исти права и привилегии како секоја друга земја-членка на Алијансата.

– Ова е можноста поради која сите Македонци треба да излезат и да кажат „да“ за позитивна иднина, не за политиката и за политичките партии. Ова е за иднината на земјата. Имате многу време да се занимавате со политика подоцна, вели поранешниот американски амбасадор во Скопје.

Веројатно е дека граѓаните кои ја преживеале 2001 година можат да забележат низа на паралели помеѓу тогашната и актуелната ситуација во државата пред се во големиот број на сеачи на магла кои одеднаш од нигде никаде се појавија во Македонија.

Франсоа Леотар и Џејмс Пердју кои во 2001 година беа специјални претставници на ЕУ и НАТО и го извршија притисокот за потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор сега се дел од Охридската Група која тера пропаганда за референдумот, а сега на нив им се приклучи и екс амбасадорот на САД, Филип Рикер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This