ЕКС АМЕРИКАНСКИОТ ДИПЛОМАТ И АКТУЕЛЕН ВРАБОТЕН ВО СЈО АГИТИРА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: Дејвид Стивенсон е главен говорник во МАНУ за Договорот од Преспа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имено поранешниот вработен во американската амбасада и актуелниот службеник во СЈО, Дејвид Стивенсон денеска е фотографиран во МАНУ како дел од расправата за Договорот од Преспа. Стивенсон е еден од главните говорници на денешната дебата во МАНУ на која се расправа за Договорот од Преспа.

Стивенсон на Твитер го коментираше и Џејсон Мико, македонски лобист во САД кој го препозна поранешниот шеф на одделот за политички и економски прашања во амбасадата на САД, Дејвид Стивенсон. Мико запраша што ли прави Стивенсон се уште во Македонија кога официјално поднел оставка во Стејт Департментот, но и покрај тоа продолжил да живее и работи во Скопје, нарекувајќи се себе си стратег.

Стивенсон со својата активност на Твитетер покажа која е целта на неговиот продолжен престој во Македонија. Тој сега одработува за успешен референдумот за промена на уставнот име, идентитетот, јазикот, историјата, референдум со кој Македонија се откажува од Македонците во соседството, а дополнително е вработен како советник во Специјалното Јавно Обвинителство.

Стивенсон на својот Твитер им се обрати на граѓаните кои ќе го бојкотираат референдумот и ги повика да гласаат.

-Тие кои избираат да бојкотираат, го признале својот пораз. Тие знаат дека не можат да победа во фер борба. Па се обидуваат да ја поништат одлуката на мнозинството. #Бојкотирам, #небојкотирам #гласам #Македонија #сегаилиникогаш #индинатанамакедонија #нато , вели Стивенсон на својот Твитер профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This