ЕКС ДИПЛОМАТ: Северна е дел од проектот Голема Албанија, амандманите не можеа да бидат усвоени без албанскиот фактор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот дипломат Зоран Милојевиќ вели дека амандманите во македонското Собрание не би биле усвоени да го немаше албанскиот фактор.

Тој смета дека на терен постои координација на стратешки потези на албанскиот корпус кој се води од Тирана, а дека токму тие потези и целата таа координација е своевидна потврда за тезата на „голема Албанија“.

Македонското Собрание со двотретинско мнозинство вчера усвои амандман со кој Македонија се преименува во Република Северна Македонија, а Милојевиќ денеска за Радио-телевизија Србија вели дека одлуката на Собранието им овозможува на Албанците во регионот – „подобро вмрежување“.

-На терен постои координација на стратешки потези на албанскиот корпус кој се води од Тирана. Токму тие потези и целата таа координација се на некој начин потврда на тезата на „голема Албанија“. И ова во Македонија е потврда на таа теза, затоа што тие не би ги истуркале амандманите да не беше албанскиот фактор, објаснува Милојевиќ.

Според него, со доста маки првата етапа на процесот кој треба да ја воведе Македонија во НАТО е завршена, а сега на ред е Грција, каде има проблеми околу ратификацијата на спогодбата од Преспа, за со тоа да се створат услови Македонија да стане членка на НАТО.

Говорејќи за проширувањето на НАТО, наведува дека тоа е нешто што одамна е зацртано.

-Проширувањето на НАТО е нешто што е зацртано лани и тоа не е никаква тајна. Од нивна страна постои желба целиот овој простор да влезе во западната интересна сфера, тоа се некои стратешки цели, заклучува Милојевиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This