ЕКС МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ МИНОСКИ: Прогресивниот данок станува казна за лицата кои се успешни и ефикасни или кои имаат мали бизниси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски во дебатата на Алфа кажа дека верува во политика на ниски даноци и на слободен пазар зошто на тој начин се влијае стимулативно на развојот на бизнисите а со тоа и на економскиот развој на Република Македонија.

Притоа тој го искритикува воведувањето на прогресивниот данок кога веќе на сила имаме рамен данок кој се покажа дека е успешен проект во Република Македонија.

– Воведувањето на рамниот данок ја зголеми наплатата ги зголеми приходите во државната каса и мое мислење е дека и во постоечки услови и по ставувањето на новата влада рамниот данок успешно ја полни државната каса. Се работи за идеолошка матрица каде прогресивното оданочување ќе придонесе за зголемување на правичноста и едаквоста. Анализите покажуваат на ЏИНИ индексот кој што ја мери нееднаквоста дека во временскиот период од воведувањето на рамниот данок таа нееднаквост се намалила. Овој аргумент дека со прогресивниот данок ќе се намали нееднаквоста не држи затоа што бројките покажуваат дека таа се намалува. Овој данок станува казна за лицата кои се успешни и ефикасни или кои имаат мали бизниси, рече Миноски

Екс министерот притоа праша дали лицата кои заработуваат износ од 90 илјади денари треба да ги сметаме дека се богати.

Тој наведе дека постои простор преку намалувањето на сивата економија, зголемување на транспарентноста, преку воведување на нови системи во УЈП, поефикасен систем на инспекциските служби да се прибираат повеќе средства во државата каса.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This