ЕКС МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ ОД СДСМ, ПОПОВСКИ ДО ЦАРОВСКА: На 4 отсто раст, едвај ќе растат платите, пораст на пензиите е невозможен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашната емисија „Печат на неделата“ на 1ТВ, Никола Поповски поранешен министер за финансии во поранешната влада на СДСМ ја критикуваше политиката на власта и МТСП каде е министерка Царовска кои преку законот за изменување и дополнување на законот за пензиско инвалидско осигурување го кратат досегашното покачување на пензиите и вградуваат нови модалитети кои што нема да можат да генерираат раст на пензиите.

„Денеска слушнавме од министерството за труд и социјална политика која по мене како ресор се бави со трудот 80%, со социјалата 20% од работното време, а треба да се бават обратно. Ни кажа дека сега ќе се реформира начинот на исплата на пензиите на начин на кој јас ви гарантирам од толку проучувања и професионална позадина што ја имам во државните органи едно време не сум го сретнал во светот. Можда има негде, пензиите секаде во светот кога веќе сме на фондови како нашиот кој не се фондови туку се „Pay as you go“ системи во кој не се оплодуваат парите како во вториот столб, туку нашите придонеси одат директно на пензија. Зависат од два индикатора, од нивото на животните трошоци 50,60,80% и 20% од нивото на реалните плати во стопанството“ – образложи Поповски.

Поповски посочи дека со раст од 4% на нашата економија, ниту платите нема многу да се покачат, богатите ќе ги соберат 20% од трудот, и врз основа на сето тоа не може пензиите да се зголемат.

„Денеска се промовираше мерка дека ќе зависат само од CPI од индексот на животни трошоци, но ако економијата надмине 4% развој во една година ќе се вгради. Извинете прво растот во Македонија мерен е, се дистрибуира 80% на капиталот, 20% на трудот. Значи ако економијата пораснала 100 милиони идната година во наши услови тоа е еден отсто, 80 милиони отишле во профити и дивиденди, а само 20% на плати, нашата економија има недостаток на капитал. И сега ако 4% се развие платите нема многу да се покачат, богатите ќе го соберат тоа односно 20%. И како врз основа на тоа вие ќе ги зголемувате пензиите“?- запраша Поповски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This