ЕКС-РАЗУЗНАВАЧОТ НА СДБ ЈУГОСЛАВИЈА: Изјавите на Заев се во служба на албанскиот сепаратизам и федерализација на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според Спасиќ, јасно е дека Заев нема да добие ниту еден глас повеќе или помалку од Албанците во Швајцарија поради својата посета, но неговото излагање за загрозеноста на Албанците во Македонија им годи на албанските сепаратисти. Екс разузнавачот загрижено констатира дека кокетирањето со радикално настроените елементи на албанската емиграција може да предизвика сериозни безбедносни реперкусии пред изборите.

bozidar_spasic

Екс-разузнавачот Божидар Спасиќ, кој важи за еден од најистакнатите кадри на југословенската служба за Државна безбедност во борбата против тероризмот на дијаспорите, во изјава за “Вечер” вели дека настапот на Заев во Швајцарија може да биде многу опасен за меѓуетничките односи во Македонија.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– Посетата на лидерот на опозицијата во Македонија во Швајцарија е многу значаен момент. На вашата јавност и е познато дека во Швајцарија, пред се во Цирих, Берн и Женева, се наоѓа јадрото на Албанците кои се по потекло од Македонија. Тоа јадро, се до овие избори го црпеа “автентичните” партии на Албанците, партијата на Али Ахмети и нешто малку поддршка уживаше Мендух Тачи. Не е непознат факт дека Албанците во Швајцарија имаат формирано некакви групи чија цел не само што е создавањето на неспокојство и неред во Македонија, туку за цел имаат и отцепување на Западна Македонија од Македонија, вели Спасиќ во изјава за Вечер.

 

[/kopa_block_quote]Легендата на југословенското разузнавање, додава дека наративот на опозицискиот лидер е неоснован, затоа што Албанците во Македонија и формално правно, но и на терен уживаат огромни права.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– Јасно е дека Заев нема да добие ниту еден глас повеќе или помалку од Албанците во Швајцарија поради својата посета, но неговото излагање за загрозеноста на Албанците во Македонија им годи на албанските сепаратисти, кои, всушност, го врбуваат секој корисен кој ќе ги изговори таквите зборови не мислејќи на последиците, вели Божидар Спасиќ.

 

[/kopa_block_quote]Патешествието на Заев, Божидар Спасиќ го коментира како залудно, но и како опасно. На крајот од разговорот, тој загрижено констатира дека кокетирањето со радикално настроените елементи на албанската емиграција може да предизвика сериозни безбедносни реперкусии пред изборите.

Љ.З
Вечер

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This