ЕКС-РАЗУЗНАВАЧ НА РУСКИ ГРУ ОТРУЕН ВО ЛОНДОН: Руската влада спремна да соработува во истрагата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинувањата дека Москва е замешана во труењето на поранешниот полковник на Централната разузнавачка служба, Сергеј Скрипаљ стигнаа брзо, вели портпаролот на Кремљ Димитриј Песков.

Одговарајќи на прашање како ќе ги коментира обвинувањата на западот за руска вмешаност во инцидентот, Песков одговори дека тоа не може да го коментира.

,,Што да кажам, не чекавме долго’’ вели тој.

Тој истакна дека Кремљ нема информации за поранешниот полковник на ЦРС, кој наводно е отруен во Британија.

,,За жал не можам да ви одговорам, бидејќи немам никакви информации. Вие знаете како тој се најде на Запад, поради какви акции и одлуки. Нема да го повторувам тоа’’ додаде тој.

Портпаролот на рускиот претседател истакна дека Кремљ нема информации што е причината за трагичната ситуација, со што е труен Скрипаљ и која е причината за тоа.

На прашање дали Москва е спремна да соработува со истражителите, Песков одговори дека ,, Москва е секогаше отворена за соработка’’.

Вчера весникот ,,Scottish Sun’’ објави дека поранешниот полковник на Централната разузнавачка служба Сергеј Скрипаљ, кој во Русија е осуден за предавство, е пренесен во болница во Солсбери поради сомневање дека е труен.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This