ЕКС-ЦИАШ ЗЕДНО СО КОМАНДАНТОТ НА АЛФИТЕ ЌЕ ЗАПЛАШУВААТ НАРОД: Дејвид Стивенсон и Дамјан Манчевски разработуваат стратегија за фалсификат на референдумот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфомакс од полициски извори дознава дека по налог на Оливер Спасовски од 01 септември се вршат директни закани и притисоци до вработените во МВР кои на социјалните мрежи и во своите ставови застапуваат бојкот на референдумот. Главни реализатори на притисоците според нашите информации се началниците на сектори, а во Скопје оваа задача ја има командантот на алфите, Примислав Димовски, како и началниците на секторите за прекршоци во Скопје. Овие насоки доаѓаат како од политички именуваните членови од СДСМ така и од оние од ДУИ. Дел од вработените веќе поднеле писмени поплаки до Комисијата за заштита од дискриминација заради вознемирување на работно место.

Од друга страна пак на сите локални претседатели на ограноци на СДСМ им се дадени списоци на вработени во јавната администрација си цел нивно профилирање дали ќе излезат или ќе бојкотираат референдум со цел да повратно да ги информираат првите луѓе на институциите во кои работат да се направи притисок врз конкретното лице. Од партиски извори на СДСМ дознаваме дека неодамна на партиски состанок поврзан со стартот на кампањата за референдумот, Дамјан Манчевски пред повеќе партиски активисти на СДСМ потенцирал дека не само СДСМ туку и сите амбасади и пријатели на Заев, но и државните безбедносни институции директно ќе учествуваат во кревање на цензусот на овој референдум.

Оваа самоувереност на Манчевски стигнала и до Заев, кој реагирал дека сондажите на терен не ги покажуваат очекуваните проекции и потребно е заложбите за активирање на институционалните капацитети да преминат од зборови во дела. Веќе за наредната недела договорена е конференција во МАНУ на која за афирмативните придобивки од договорот од Нивици ќе се обрати токму блискиот пријател на Дамјан Манчевски, Дејвид Стивенсон кој од службеник во американската амбасада премина да работи како консултант на СЈО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This