ЕКС-ЧЕШКИ ШПИОН СО АНАЛИЗА ЗА ТРУЕЊЕТО НА СКРИПАЛ: Русија немаше интерес да го убие Скрипал, Велика Британија го крие шпионот и неговата ќерката за да ги спречи да зборуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Службите за безбедност на Обединетото Кралство, најверојатно, ги кријат Скрипал и неговата ќерка бидејќи не сакаат да откријат какви било детали за нивниот случај, изјави поранешниот чешки шпион, Карел Кочер, за „Раша Тудеј“

“Поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал дефинитивно не беше жртва на каква било операција или напад од руската страна”, вели Кочер, кој беше советска кртица која успешно се инфилтрираше во ЦИА. Тој додаде дека “кога станува збор за Русија искрено верувам, тие воопшто немаа никаков интерес во случајот Скрипал”, додавајќи дека самиот факт што Москва претходно се согласил да го трампа двојниот агент за свои агенти е доказ за тоа.

Нападот на поранешниот агент, откако беше цел на трампа на агенти, “целосно ќе го уништи рускиот кредибилитет што се однесува до [шпионските] размени”, рече поранешниот чешки шпион. Потоа објасни дека размената на шпиуни е скоро “единствен начин” за да се добијат агенти без дипломатски покритие назад во случај да бидат фатени или уапсени. Руските власти никогаш нема да го стават овој механизам во каква било опасност “, бидејќи сигурно ќе мора да ги вратат своите агенти ако се впуштат во неволја”.

Целиот инцидент во Солсбери, во кој Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа мета на напад, повеќе изгледале како напад под лажно знаме, изјави Коехер за РТ. Скрипал и неговата ќеррка можеби беа само “добра можност” за ” сценарио и антируска операција”, вели тој. “Можеби, тоа беше само направено да има некаква причина за да ескалираат антируските операции и санкциите “, рече тој.

Безбедносните служби на Обединетото Кралство очигледно го кријат поранешниот руски шпиун и неговата ќерка вели Кочер, додавајќи дека тие најверојатно никогаш нема да дозволат Скрипалови да се сретнат со руските официјални претставници, бидејќи Лондон очигледно стравува дека можат да ги откријат фактите за кои тие не сакаат да бидат достапни за јавноста.

“Целата работа е толку сомнителна, знаеш, не можеш да знаеш што ќе каже [Сергеј Скипал]”, рече Кочер. “Па дури и ако тој се согласи да каже што [британската разузнавачка служба] му вели, тој може да се премисли кога ќе зборува пред камера”, додаде поранешниот шпион.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This