ЕЛЕМ СМИРУВА: Акумулациите имаат доволно капацитет да ги примат водите од последните обилни врнежи.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дождот што интензивно врне деновиве, но и топењето на снегот на повисоките места, ги преполни речните корита, а некои реки почнаа и да се излеваат. Граѓаните стравуваат од поплави, особено поради најавите на синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) дека и понатаму нѐ очекуваат обилни врнежи од дожд, па, соодветно на тоа, ќе продолжи покачувањето на водостоите на сите водотеци во државата.


– Врнежите и топењето на снегот предизвикуваат брз истек на водите во водотеците и суводолиците – вели м-р Васко Стојов, раководител на Одделението за хидрологија на површински води во УХМР.

Овие водни количества ги зголемија водостоите на сите водотеци во земјата, а особено покачување се бележи на водотеците од западниот и северниот дел на земјата.

– Според податоците од терен, најголеми промени на водостојот бележиме на реките Радика, Сатеска, Вардар, Треска, Лепенец. Во центарот на Скопје поради градежните активности во минор-коритото има вештачки застој на течењето, па поради тоа има појава на излевање во делот од шеталиштето спротиводно од градбите – вели Стојоски.

Тој објаснува дека управата добила информација од ЕЛЕМ дека акумулациите имаат доволно капацитет да ги примат водите од последните обилни врнежи.

На одредени критични места е можна појава на локални излевања кај помалите реки, но и кај реките Треска, Кичевска, Радика, Сатеска, Лепенец, горниот тек на Вардар (Јегуновце, Рашче, Скопје-Центар во делот од шеталиштето спротиводно од градбите).

– Поради сето тоа предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците – додава Стојов.
Вчера до 15 часот, според податоци на Дирекцијата за заштита и спасување, имаше поплавени куќи во струшките села Мороиште, Дрслаица, Подгорци, но и во градот Струга. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека уште пред неколку дена испратиле препораки до единиците на локалната самоуправа за тоа какви превентивни мерки да преземат за намалување на ризиците од поплави.

Центарот им препорачал проверка на речните корита, мрежата на одводните канали и на другите водни објекти, за да се провери дали ја обезбедуваат потребната водопропустливост, интервенција на јавните комунални претпријатија за отстранување забележани наноси и други вештачки пречки на речните водотеци, а особено на одводните канали.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This