ЕЛЕМ целосно го поништи тендерот на кој учествуваше „Фероинвест” на Анѓушев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Раководството на АД ЕЛЕМ донесе одлука да го поништи тендерот за набавка на гумени ленти за РЕК Битола. Причина е тоа што на последната, трета аукција, понудените цени во четири ЛОТА се повисоки од планираниот буџет за нив, додека во еден ЛОТ понудената цена е повисока од реалната на пазарот.

Доколку на оваа одлука нема жалби од учесниците на тендерот и доколку одлуката за поништување стапи на сила, АД ЕЛЕМ веднаш ќе пристапи кон распишување на нов тендер, од причина што предметот на оваа јавна набавка, гумените ленти потребни за транспорт на материјалот, се неопходни за да може РЕК Битола непречено да работи, соопштуваат од државната енергетска компанија.

Предметот во врска со тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола сe’ уште е на одлучување кај Државната комисија за жалби по јавни набавки, од каде АД ЕЛЕМ очекува одлука и насоки како да постапи во врска со оваа јавна набавка.

Во продолжение погледнете ги и доставените понуди.

Дел од предметот на договорот за јавна набавка : ЛОТ 1 -Гумени транспортни ленти од 1800-2400(мм) со платно

ПонудувачПонудена цена
Друштво за производство, трговија и услуги ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт Скопје23.595.280,00

Планирана максимална цена од АД ЕЛЕМ: 22.913.710,00 мкд без ДДВ

Дел од предметот на договорот за јавна набавка : ЛОТ 2- Гумени транспортни ленти од 1600(мм) со платно

ПонудувачПонудена цена
Fabryka Taśm Transporterowych Wolbrom S.A.97.239.916,00
Repro-Oprema d.o.o.Beograd108.718.763,77
Друштво за производство, трговија и услуги ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт Скопје108.884.150,00

Планирана максимална цена од АД ЕЛЕМ: 91.134.073,00мкд

Дел од предметот на договорот за јавна набавка : ЛОТ 3- Гумени транспортни ленти од 1200-1400(мм);

ПонудувачПонудена цена
Друштво за производство, трговија и услуги ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт Скопје121.738.000,00
Repro-Oprema d.o.o.Beograd121.977.550,82
Fabryka Taśm Transporterowych Wolbrom S.A.123.133.984,00

Планирана максимална цена од АД ЕЛЕМ: 109.360.888,00мкд

Дел од предметот на договорот за јавна набавка : ЛОТ 4 – Гумени транспортни ленти со платно за потреби на СДЈ

ПонудувачПонудена цена
Repro-Oprema d.o.o.Beograd7.083.490,16
Друштво за производство, трговија и услуги ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт Скопје7.901.600,00
Fabryka Taśm Transporterowych Wolbrom S.A.8.015.746,00

Планирана максимална цена од АД ЕЛЕМ: 7.811.492,00мкд

Дел од предметот на договорот за јавна набавка : ЛОТ 5 – Гумени транспортни ленти со платно за потреби на отпепелување

ПонудувачПонудена цена
Repro-Oprema d.o.o.Beograd28.765.775,98
Друштво за производство, трговија и услуги ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт Скопје30.512.200,00
Fabryka Taśm Transporterowych Wolbrom S.A.30.557.015,00

Планирана максимална цена од АД ЕЛЕМ: 27.079.837,00мкд

Вкупен планиран буџет на АД ЕЛЕМ за сите лота: 258.300.000,00 денари

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This